И овој петок најталентираните деца подготвија вистински спектакл во популарното детско музичко шоу „Пинк ѕвездички“.
Лилјана Плавшиќ, која во првиот круг го маѓепса жирито, овој пат со својата емосија ги доведе сите до солзи, а најмногу Гоца Тржан.
Имено, ова девојченце ја отпеа песната „Свако има неког кога више нема“ од групата „Гарави сокак“ и ја посвети на член од смејството, поради што Гоца Тржан не можеше да престане да плаче.
-Има ли некој кому ја посвети песната: – праша Гоца.
-Мојот дедо – одговори Лилјана.
Овој емотивен настап беше највпечатливиот, особено што членката на жирито Гоца Тржан покажа колку меко срце има.