Изминатата недела фолк пејачката Сања Гроздановска на свет ја донесе ќеркичката Ева и по вторпат се реализираше во улогата на мајка.
Неколку дена подоцна тато Мартин славеше со мекици со најблиските, а пак гордата мама за разлика од праксата на повеќето, веднаш ја покажа својата малечека.
Својот профил на Фејсбук го исполни со многу фотографии од болницата, а особено емотивни се оние каде се заедно целото семејство.
Еве ја новата наследничка на мама Сани: