Како и секоја сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Македонија има свои претставници за кои може да навива и да се гордее.
Српското жири често знае да каже дека најмоќните грла доаѓаат од Македонија, а тоа минатата година го потврди и победникот Ристе Ристески.
Годинава пак, на сцената на „Гранд“ има неколку македонски кандидати кои доминираат, а една од нив е и поп-пејачката Елена Миленковска.
Таа успешно се пласираше до вториот круг, кога пред публиката и жирито изглезе со провокативен фустан и изглед на вистинска ѕвезда. Иако и претходно и ги дадоа сите пофалфи, Елена не успеа да се пласира понатаму. По тој повод таа се огласи на своцијалните мрежи и кажа:
Јас настапувам во вториот круг, во кој за жал не пројдов во трет. Јас сум пред се задоволна од моето претставување и среќна сум што имав вакво искуство. Се надевам ќе ви се допадне настапот. Ви благодарам за огромната поддршка, напиша Миленковска.
Оние што ја следат предку социјалните мрежи, но и настапите во шоуто, беа разочарани од ваквата одлука на жирито и тоа што Елена не продолжи понатаму, иако претходно коментираа дека таа го има целосниот пакет на сцената.
Инаку, Елена Миленковска има завршено музичка академија во Скопје и успешно ја гради својата музичка кариера.