Од содржините на Вистина.мк неодамна имавте можност да ги запознаете сестрите Марија и Магдалена Гаврилови, кои преку спортскиот и здрав начин на живот, а и со своите совршено градени тела ги освоија вашите симпатии.
Функционираат неразделно една од друга, а покрај истиот избор на факултетот за правни науки, Марија и Магдалена имаат исти пасии и гледишта кон животот. Без спортувањето не би можеле да го замислат своето секојдневие, а на секој маратон во трчање тие се први на позиција со својот натпреварувачки дух.
Неодамна двете се упатија кон Бугарија, каде трчаа на Софискиот Маратон и освоија медали со кои се пофалија на Фејсбук.
Инаку, Марија и Магдалена не пропуштаат ниту еден маратон. Неодамна трчаа на Скопскиот маратон, а пак претходно беа на трка и во Подгорица.
Доколку ви треба мотивација за вежбање, тогаш Марија и Магдалена секако се вистинскиот поттик за тоа.