Натпреварувачката Мелани Дурмиќ која доаѓа од Холандија, направи вистинска револуција на сцената од „Ѕвездите на гранд“.
Жирито за време на целиот настап аплаудираше, а никој од членовите не успеа да го сокрие воодушевувањето од пеењето на кандидатката.
-Мала, ти сериозно си цар. Јас откачив, прекрасна си. Една си од ретките која ме оставила без текст, ти благодарам, изјави Тијана Дапчевиќ која се најде во улога на „таинствениот“ член на жирито.
Освен Тијана и останатите судии и поласкаа на Мелани која според досегашното сигурно ќе ја гледаме и понатаму.