Неодамна поп-пејачката Јана Бурческа, која е тазе мама го промовираше синглот „Содом“ заедно со раперот кој се крие зад псевдонимот „Стиховен калибар“.
Пејачката полека им се враќа на професионалните активности, откако кон почетокот на месец октомври стана мајка и на свет донесе девојче кое го доби името Дона.
Имено, таа моментално изгледа како воопшто да не родила бебе, а иако поминаа само пет месеци, Јана има нозе на топ модел.
Затоа немаше проблем да се појави во улога на манекенка на писта и тоа за ревијата „Сите соплени во зима“ која имаше хуман предзнак, како и на Саемот за венчавки каде повторно облече вечаница.
Јана со сопругот Александар
Јана е долгогодишна соработничка со модната дизајнерка Антонија Ристовска, па и овој пат носеше нејзини креации.
Поголемиот дел од тазе породените мајки, имаат проблем да влезат во старата гардероба, односно конфекцискиот број кој го носеле пред бременоста, а пак Јана дури ги носи оние за манекенки.