Кон почетокот на месец октомври минатата година, поп-пејачката Јана Бурческа стана мајка и на свет донесе девојче кое го доби името Дона.
Имено, таа моментално изгледа како воопшто да не родила бебе, а иако поминаа само шест месеци, Јана е како манекенка, па токму затоа неодамна не и беше проблем и хуманитарно да се појави на писта од една ревија, а потоа и на саемот за венчаници.
Нејзиното најголемо богатство, малечката Дона, сега е потпораснато бебенце и подготвено за прошетки со мама, па дури и такви на јавни настани.
Токму на едно такво случување, Јана девовиве ја понесе и ќеркичката.
Мама од згодна-позгодна, а Дона преслатка. Пресудете сами дали личи на мама или на тато.