Во последните неколку години Ламбе Алабаковски апстинира на музички план и е целосно е посветен на семејството, а последно што слушнавме од него беше темата “Ти само кажи”.
Дека родителството навистина му го промени животот, потврди и самиот тој во едно интервју за дневниот весник Вечер.
“Родителството е благослов од Бога и е дефиниција за совршена љубов. После Михаил ништо не е исто”, рече пејачот за својот син.
Наследникот на Ламбе днес има три ипол години, а тато се почесто објавува фотографии со сичето кое е негова чиста копија.
-„Пораснал во мало маже“, „Големо дете“, „Убавец“, се само мал дел од коментарите кои се најдоа за фотографиите кои татко Ламбе јавно ги сподели.
Инаку, пред неколку лета, Ламбе се врати во родната Преспа каде се проба во угостителските води, но по завршувањето на летната сезона, го затвори кафулето и повторно се врати на американски терен каде живеат со сопругата Магдалена.