Радио Милева

(ФОТО) Кристина Агилера претера со силиконските усни, па почнаа да ја критикуваат

(ФОТО) Кристина Агилера претера со силиконските усни, па почнаа да ја критикуваат

Една од најпознатите светски пејачи позната по сјајниот вокал и песните кои многумина ги сакаат.

Меѓутоа, Кристина Агилера шокираше со својата појава на доделувањето на „Американските музички награди“.

Пред неколку години Кристина се бореше со вишокот килограми, а од дама со прекрасно тело, стана жена со облини и тоа многу поголеми од посакуваното.

Успеа да се избори со тоа да ја врати старата фигура. Но, новата промена ги изненади нејзините фанови ширум светот.

Изгледа дека Агилера претера со употребата на силикон во усните, па додека ја изведуваше нумерата на сцена, нејзините усни дојдоа во прв план. Нема сомнеж дека ставила повеќе силикон од она што требало, а според многумина ја преминала границата.

To top