По бројните шпекулации дали е во блажена состојба или не, познатата дама на кралското семејство најпосле потврди дека ќе стане мајка.
Сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз во месец октомври ќе станат родители.
Пипа се прошета со трудничкиот стомак низ улиците на Лондон, а она што го забележаа фотографите е дека иако е во блажена состојба и нејзиното тело се менува, кај Пипа најизразени се мускулите на нозете.
Таа изјавува дека во првите три месеци ја заобиколиле мачнините и имала среќа, но сепак има многу прашања во главата.
Таа не го исклучува џогингот и јогата, но вели дека не сака да се оптеретува себе и своето бебе.