Вежбањето во теретана, трчањето на отворено, како и новите методи за слабеење и одржување на телото во форма, стануваат се поактиуелни, особено за познатите личности во земјава.
Па така, секојдневно на социјалните мрежи можеме да посведочиме на фотографии направени во теретана, а нашите пејачи, водители, манекенки, се почесто ги објавуваат на своите профили.
И да, тоа е навистина супер, се мотивираат и останатите, а пак познатите служат како пример за здрав и активен начин на живот.
И манекенаката Александра Накова припаѓа во оваа група, иако може да се пофали со тело „вретено“ .
И таа на својот Инстаграм објави фотографии од салата за вежбање, каде е облечена во тесни црни хеленки и краток топ кој го открива нејзиниот рамен стомак.
Момечето кое и превеше друштво не го откри,но претпоставуваме дека на оние останатите што беа таму додека Накова вежбаше, „срцето не им беше на место“.
А кога тоа тело ќе го „спакува“ во нејзините омилени провокативни стајлинзи, тоа изгледа вака: