Цел свет знае за неа, а славата која многумина ја посакуваат, таа не можеше да ја поднесе. По тешкото детство, беше на работ на смртта, па по долгогодишната порба со анорексијата, ќерката на Донатела Версаче, Алегра, се уште е многу слаба.
По смртта на Џани Версаче, таа на 18 годишна возраст наследи 800 милиони долари, бидејќи чичко и и остави 50 проценти од компанијата.
Израсна во повлечена девојка, а особено ги избегнува медиумите.
Во 2010 година имаше само 32 килограми и тој период го помина во болница, а потоа и на домашно лекување.
-Бев изгубена во размислувањата и не можев да се соочам со реалноста, имав затворени очи. Покрај се, сакав само едно – да бидам никој, да ме нема, да сум непрепознатлива, да не ме бркаат. Каде и да одам јас сум Версаче. Не можев да побегнам и тоа ми наштети, изјави Алегра пред пет години за еден италијански магазин.
Foto: Profimedia