Радио Милева

(ФОТО) Ќе го копирате нејзиното дело: Снеже Велков ги има најоригиналните новогодишни колачи!

(ФОТО) Ќе го копирате нејзиното дело: Снеже Велков ги има најоригиналните новогодишни колачи!

Речиси секоја домаќинка во пресрет на празничниот период се подготвува на трпезата да ги има најубавите јадења, специјалитети и наменски рецепти за овој период.

Поранешната ТВ водителка Снеже Велков, и сегашен фитнес инструктор, е позната по тоа што е вешт мајстор во кујната.

Тоа досега го покажа многупати на социјалните мрежи и на сите им даде до знаење дека е голем љубител на готвењето и експериментирањето во кујната.

Годинава се реши да направи специјални колачи во форма на лажичка, кои откако ги реализираше, убаво ги постави на чинија, за која направи празнична декорација.

За ваквиот резултат доби доста допаѓања од следбениците и пријателките кои посакаа и тие да имаат вака оригинални чоколадни лажички за своето семејство.

Шеф Снеже секогаш е расположена и има време да направи нешто уникатно во кујната, а доколку и вие сте фан на готвењето, тогаш следете ја Снеже на Инстаграм и нејзината вештина во кујната.

To top