ТВ водителката Елена Стефановска навистина знае да живее со стил, а кога професијата што ја имате ја работите со љубов, тогаш не чувствувате обврска, туку само задоволство.
Стефановска е љубител на уникатната гардероба, автомобили, патувања, па затоа не ретко што работно, што приватно е на некоја атрактивна дестинација низ светот.
Неодамна таа беше во Германија, од каде не пропушти да документира доста убави моменти од неколку германски градови, а секако да позира и во одлични модни комбинации кои се празник за очи за сите љубителки на модата кои преферираат нешто поспецифичен стил на облекување со индивидуална нота и дамски ефект.
За Елена нема пауза, а откако се врати од Германија се впушти во проследување на случувањата во Скопје.
Па така, вчеравечер таа присуствуваше на модната ревија на македонската дизајнерка Ивана Кнез, а за таа прилика се појави во уникатен стајлинг од кој најмногу се издвојуваа нејзините обувки со детали од ѕвездички.
Веруваме дека освен модните парчиња кои беа презентирани на писта, погледите на присутните не ги пропуштија впечатливите обувки на Елена.