Неспорно е дека српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша е вистински махер во спојувањето на впечатливи и ексцентрични модни комбинации.
Папараците во Србија ја следат како ниедна друга позната личност во соседството, а пак таа секогаш е подготвена да се појави како вистинска ѕведа.
Овој пат на улица се појави облечена во бунтовно- рокерска комбинација, а пак на нозете има тренспарентни „чизми“, ако може и така да се наречат.
Моделот и тоа како е впечатлив и необичен, но проблемот беше материјалот од кои се изработени, па направи Јелена да биде запотена од стапалата, па се до над колената.
Сепак, многуте следбеници и обожаватели не и забележаа на ова, бидејќи според нив изгледа бомбастично.