Пејачот Саша Ковачевиќ максимално ужива во времето кое го минува со својата нова девојка и нејзината наследничка.
Саша веќе неколку месеци е во врска со Зорана Тасовиќ, а судејќи според пишувањата на медиумите во соседството и она што тој го објавува на социјалните мрежи, Ковачевиќ е опасно заљубен и не се двои од својата убавица и нејзината ќерка.
Овој пат Саша на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како позира со Зорана и малечката.
-Смешни фаци, напиша пејачот во описот на фотографијата.
фото:instagram