Гледачите на утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија утрово беа изненадени од „новата“ водителка пред камерите или поточно подновената Анастасија Богдановска.
Така нерасонети, требаше подобро да протријат очи за да ја препознаат Анастасија која во Новата 2018 година влезе пред се со визуелни промени на себе.
Велат дека жените ја менуваат фризурата кога им се случува голема промена во животот, но за Деа доволно голема промена е влезот во Нова година.
За нови, убави моменти кои ќе ги памети по добро, таа уште од стартот на месец јануари реши да го посети салонот каде ја доверува својата убавина, а откако седна на фризерското столче, побара да биде поруса, но и со пократка коса.
Периодов се повеќе дами се одлучуваат за популарната „жица“ или „боб“ фризура, а меѓу нив се најде и шармантната водителка која реши да се препушти на трендовите, но сепак да остане своја и уникатна.