Најпрвин луксузната бунда, а потоа и брендираната чанта на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, деновиве крена прашина во јавноста.
И повеќе од јасно е дека секој не може да си дозволи да има гардероба од реномирани етикети, бидејќи за тоа секако е потребен длабок џеб.
Како Фатиме, така и српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша можат да си го дозволат тоа, а според најновите фотографии кои кружат на интернет, Јелена и Фатиме се на иста линија – модна.
Освен специјалноста, на секоја во своето поле, ги поврзува и истиот мерак за модни додатоци.
И Фатиме и Јелена, можат да си ги задоволат модните апетити со италијанскиот моден бренд Гучи, а и многу такви од истиот ранг.
Карлеуша деновиве исто така се прошета со тробојна чанта од истоимениот бренд и колекција како онаа на обвинителката, која чини нешто повеќе од онаа на Фатиме, а нејзината цена е 3000 евра.
Е сега, во поглед на стилот се разликуваат светлосни години, но кога на себе носат „мало“ богатство, иста „прашина се крева“ и зад двете.