Во најновата емисија на Огњен Амиџиќ гостинка беше познатата српска пејачка Рада Манојловиќ.
За таа прилика пејачката се одлучи да облече коктел фустан кој повеќето ги потсети на искинат партал, но веројатно за Рада тоа беше вистинскиот избор.
Но, кога дојде време да се фотографира, фустанот и се виде предолг, па мораше убаво да го поткрене за да се види нејзиниот најсилен атрибут.
Сепак, ваквата поза изгледаше вулгарно за нечиј вкус, но веројатно на припадниците од посилниот пол кои се нејзини фанови и следбеници, овој потег им беше добредојден.
Инаку, пејачката периодов доста го смени изгледот, односно ја промени бојата на косата, а наскоро најави дека ќе „монтира“ и силикони во градите.