Радио Милева

(ФОТО) Елена Велевска на гости во „Живот со стил“: Кога седна на столчето сите погледи беа вперени во еден детаљ!

(ФОТО) Елена Велевска на гости во „Живот со стил“: Кога седна на столчето сите погледи беа вперени во еден детаљ!

Во најновото издание на ТВ магазинот „Живот со стил“ кај водителката Елена Стефановска, на гости беа фолк пејачката Елена Велевска, ТВ презентерката Татјана Стојановска и сопственичката на „Силуете“, Мелина Милески.

А кога се оди на гости кај Стефановска, мора да се биде перфектно стилски дотеран.

Гостинките кои седнаа пред камери, секојдневно се стокмени од глава пети, но за оваа прилика избраа она што најстилски го доловува нивниот моден сензибилитет.

Мелина се појави во долг фустан со цветни апликации, Татјана во елегантен црвен коктел фустан, а пак Велевска како и секогаш изненади, секако позитивно во поглед на стајлингот.

Па така, таа се појави во секси црно фустанче кое беше искинато од горе до долу.

Кога седна на столчето, искинатите детали изгледаа толку секси што ретко кој не го фокусираше погледот кон нејзините разголени нозе.

Иако изгледа „искинато“, оние подобро упатените во модата, сигурно би потврдиле дека Велевска се повеќе изненадува во моден поглед со тоа што новите модни тенденции одлично ги имплементира во својот стилски израз.

Неодамна за својата публика направи и една фготосесија, пракса која не изостанува во нејзината кариера, бидејќи освен песна, публиката бара и празник за око, а Елена точно знае тоа како да го изведе.

фото:томе табанов

 

To top