Турската актерка Ебру Озкан и нејзиниот сопруг, актерот Ертан Шабан, станаа родители – пишуваат турските медиуми.
Изминатата недела познатата двојка доби ќерка која го носи името Биричик што во превод значи „Единствена“.
Во медиумите се појави и првата фотографија од мајката и бебенцето, која инстантно се рашири и во останатите европски медиуми.
Инаку, Ертан и Ебру ја официјализираа својата љубов пред две години.