Поп-пејачот Даниел Кајмакоски пред неколку месеци се реализираше како татко, улога која толку многу ја посакуваше, па му се случи.
Сега, откако ја има најголемата среќа во животот, Даниел е концентриран на семејството, а пак музиката, барем засега ја стави во втор план.
Неговите обожаватели се почесто знаат да му напишат дека е време да промовира нешто ново на музички план, но на Даниел сепак се уште најубаво и најтопло во срцето му е кога дома со саканите. Неодамна со сопругата се појавија на телевизија и синчето го однесоа во манастир од каде за дома земаа специјално изработена Богородична празнична пештера.
Дека има радост и среќа во домот на пејачот, не треба да се влезе за да се види – тоа се гледа уште од нивниот балкон.
Глетката топли срце, бидејќи сопругата на Даниел ги закачи плишените мечиња на синчето кои од далеку ја симболизираат нивната семејна идила.
Кога на ваквата среќа и нема крај, од Даниел очекуваме уште поинспиративни музички дела, кои вака акумулирани веруваме ќе бидат уште поуспешни од претходните.