Радио Милева

(ФОТО) Брачен бродолом го тресе Холивуд: Се разведува познатата двојка!

(ФОТО) Брачен бродолом го тресе Холивуд: Се разведува познатата двојка!

Бракот на Ким Кардашијан и Канје Вест е во криза. Познатата ријалити ѕвезда е на работ да ги потпише документите за развод, бидејќи повеќе не може да се носи со фактот дека нејзиниот сопруг не може да функционира без таблети против болки.

Исто така и пречи тоа што воопшто не е вклучен во одгледувањето на децата и не се труди да помогне.

-Ким им се доверила на пријателките како Канје е невозможен, останува во студио по цел ден со изговор дека снима песни,  а со тоа ја избегнува Ким, вели близок извор до пејачката. Иако и тешко, Ким мора да донесе ваква одлука.

Според изворот, Ким сака Канје да поминува повеќе време со децата и и пречи што мора да им ги остава на дадилките кога оди на службено патување.

Канје пред две години доживеа психички слом со Ким, а таа тогаш беше со него, но сега се потешко се носи со тоа да се чувствува како самохрана мајка.

To top