Како што пишува српски „Блиц“, Аца Лукас од неодамна е во љубовна романса со Плејбој зајачицата Божана Вујиновиќ, која во 2016 година беше претепана на улица.
Божана и Аца се запознале преку заеднички пријатели, а една вечер се видени во еден белградски ресторан, каде разменувале нежности пред присутните.
Потсетуваме, Божана своевремено се соблече гола за насловната на „Плејбој“ магазинот и е една од многуте зајачици.
Божана е 24 години помлада од Лукас, а тој зад себе има два брака од кој едниот го заврши пред неколку месеци со Соња Вуксановиќ .