Младата и шармантна пејачка, Јуле Николовска , позната како една од подобрите вокали на фолк естрадата, е во рана бременост.
2018 година уште на самиот старт и започна со убави вести, па ќе и биде бериќетна како на професионален план, така и приватно.
Таа за Вистина.мк откри дека е во рана бременост, а се надева дека се ќе биде во најдобар ред со блажената состојба, па ќе може нормално да фукционира во понатамошните месеци.
Се надевам дека се ќе биде во ред и бременоста нема да ми пречи да ги исполнам веќе бројните настапи кои ми се закажани до крајот на годината. Ќе пеам додека можам и секако по породувањето ќе ме заменува моја колешка на некој пократок период. Важно е дека се чувствувам одлично и морам да признам дека многу се радуваме заедно со семејството за приновата која ја очекуваме некаде во месец август, открива Јуле.
Инаку, ова ќе биде нејзино второ дете, а со сопругот веќе имаат 14 годишна ќерка.