Радио Милева

(ФОТО) Би рекле ли дека е таа – Тијана шокираше со изгледот на Инстаграм: „Едвај те познавме“!

(ФОТО) Би рекле ли дека е таа – Тијана шокираше со изгледот на Инстаграм: „Едвај те познавме“!

Андрогениот изглед е оној за кој Тијана Дапчевиќ вели дека најмногу и прилега на нејзината харизма, енергија и појава.

Па така, минималистичките, кежуал и рокерските комбинации се оние во кои најчесто можеме да ја видиме, а и кога носи нешто дамско и поженствено, тоа секогаш е некое уникатно парче кое знае да го износи индивидуално и со посебен печат.

Кусата фризура е нејзин заштитен знак отсекогаш, но изминатите неколку години ја трансформира по последните трендови, кои сепак знае да ги модифицира и носи на посебен начин.


Токму затоа, веќе навикнавме да ја гледаме како моден индивидуалист, па ретро фотографијата која ја објави на својот Инстаграм, ги збуни нејзините следбеници и обожаватели кои едвај ја препознаа.

?✌?? #tbt #throwbackthursday

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

Иако и признаа дека е убава во секакво издание, дури и така дамско како на фотографијата каде изгледа како друга личност, сепак повеќето коментираа дека стилот по кој е препознатлива е оној кој најмногу и прилега.

To top