Дарко Филиповиќ, финалистот на првата сезона од „Ѕвездите на Гранд“, сите го знаат по хитот „Она она“ и по некогашната љубовна врска со колешката Тања Савиќ.
Дарко последните неколку години се повлече од медиумите и понекогаш се појавува во некоја емисија. Неодамна беше гостин кај Саша Поповиќ и најави голем камбек на српската естрада.
-Јас работам со полна пареа без оглед на тоа што ме нема на сцената. Многумина ме среќаваат и прашуваат „Каде си, зошто те нема?. Меѓутоа, јас имам некои приватни работи од кои може да живеам и без да се занимавам со пеење, но на големо работам да најдам добра песна и да се вратам во колосек, вели Филиповиќ во „Гранд специјал“.
FOTO: PRINTSCREEN YOUTUBE
Инаку, Дарко денес е среќно оженет, а со сопругата Јасмина ја има ќерката Настја.