Младата пејачка Анастасија Петреска е максимално посветена на кариерата и во ниеден момент не ги пропушта настапите во локалните ресторани и секако фолк фестивалите.
Па така, неодамна како и поголемиот дел од нејзините колеги од народната сцена и таа се претстави на неодамна одржаниот фолк фест „Роса“ кој се одржа во МОБ.
Откако нејзиниот татко Наум отвори гостилница, Анастасија и нејзиното момче се почесто се гости, па покрај тоа што уживаат во вкусните јадења, знаат да запеат и по некоја песна.
Токму по повод настапот на „Роса фест“, Анастасија изминатиот викенд беше гостинка во утринската програма на телевизија Сител, каде беше во друштво на водителката Елена Стојановска.
За така посабајлечки пред камери, Анастасија не ја заобиколи провокацијата и секси изгледот, па се одлучи за високи чизми над колена, ултра кусо фустанче на риги, надополнето со црвено сако.
Кога ги прекрсти нозете, а камерата се најде на точна позиција, Анастасија имаше што да покаже и уште еднаш потврди дека не за џабе го носи епитетот македонската Ким Кардашијан.