Ако во земјите каде свеста за поздрав живот и еколошки поздрава средина, возењето велосипед е секојдневие, кај нас тоа и не е некоја пракса кај мнозинството.
Па така, меѓу големата сообраќајна џунгла, велосипедистите се во мал број.
Иако и таа не може сосема да се раздели од автомобилот, водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска реши да ја промени оваа своја навика и да се превезува со велосипед.
Облечена елегантно во кусо цветно фустанче и црно сако, Александра се качи на велосипедот и со широка насмевка се возеше низ скопските улици.
-Изненадувањето е најдобриот подарок. Љубов, Скопје на точак, напиша таа во описот на фотографијата, очигледно сакајќи да се пофали со новиот бел велосипед кој одлично и прилега.