Можеби не многу е снаодлива во кујната како готвач, но затоа ТВ и радио водителката Александра Илиевска успешно жонглира со обврските како телевизиски и радио водител, сопруга, но и жена која секојдневието го живее со стил.
Оние што повеќе гледаат телевизија, веројатно не многу од нив знаат дека Александра веќе со години исто така е и радио водител, па освен снимањата на кулинарското шоу со шефовите Марк и Никола, таа е зад микрофонот и е препознатлив глас на радио фреквенција.
Но, таа е вистинска стилска дама и зад воланот од својот автомобил.
Деновиве Александра објави фотографија на која е облечена во црвено здолниште, а посебен впечатлив детаљ беа црвените ракавици потпрени од волантот на своето превозно средство.
Марк и Никола често знаат да ја искритикуваат дека треба повеќе да учи во кујната и да готви и таа наместо свекрвата, но овој пат им покажа дека во сообраќајот не само што е снаодлива, дур вози и да снима иако не е препорачливо, таа изгледа како моќно и секси додека вози, баш за она во што мажите велат дека се најдобри.