Македонскиот бенд „Фолтин“ во април минатата година ги почести обожавателите со албумот „МОМÓМА“, а пред неколку дена, најголемиот хит од албумот, песната „Ми се води љубов“, си доби видео запис.
https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/foltin-mi-se-vodi-ljubov-audio/
Покрај стандардната екипа која ја сочинуваат музичарите на „Фолтин“, предводени од одличниот вокал на Бранислав Николов, гостин во песната е Петар Димитровски на клавијатури.
Режијата и монтажата на видеоспотот се на Милена Витман, додека кинематографер е Владимир Димоски.
Танчерката во спотот е од Венецуела Зарина Рондон, навистина изведува некои несекојдневни потези во видеото.
Во продолжение погледнете го најновиот видеоспот на „Фолтин.