Дарко Лазиќ ужива во бракот со Катарина Лазиќ со која неодамна тајно се ожени. Катарина и Дарко се забавуваа пред речиси 15 години, а судбината повторно ги спои малку подоцна.
Откако се смирија и стапија во брак, тие се неразделни, а Катарина го придружува на настапи, турнеи…
Марина Гагиќ беше свршеницата на пејачот, која му го роди второто дете, синот Алексеј, но и го чуваше кога имаше страшна сообраќајна несреќа. Иако многумина мислеа дека ќе се слушнат свадбени ѕвона, поранешната двојка најави дефинитивен крај.
Иако по разделбата имаше многу шпекулации за нивната врска, Дарко сега го направи невозможното и им застана на патот на сите зли јазици.
Имено, Катарина се занимава со дизајн и има создадено своја колекција на одредени парчиња облека, а модел за истата е Марина Гагиќ, поранешната свршеница на Дарко.
За ситуацијата да биде уште поинтересна, тројцата позираа заедно и покажаа дека всушност се можни здрави врски меѓу поранешните и сегашните партнери.
Лазиќ гордо позира со бившата и сегашната, а по Ѓоле Ѓогани е единствениот кој успеа да го спои „неспоивото“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Катарина 24