Корона пандемијата како да стивнува, а естрадата полека се буди и се враќа на старите патеки… До душа срамежливо, зашто протоколите се’ уште се селективни, па не дозволуваат да се пее свири и забавува, онака како што забавата и веселбата обично се доживува, ама тоа е… Подобро нешто, кога веќе не е се’…!?
Во меѓувреме, некои од естрадните уметници додека траеше Ковид – 19 принудната пауза се преструктуираа и преквалификуваа, обидувајќи се да (пре)живеат од разно-разни други професии. Меѓу сите фолкер(к)и, кумановката Тања Јовановска Трајкова ја искористи својата диплома, па кога веќе не можеше да егзистира од „првата љубов“ – музиката и се врати на професијата – психологијата!
Пејачката во родното Куманово почна да работи „на струката по диплома“ во „Психоверзум“ – психолошкото советувалиште во кое својата нова професија Тања Јовановска Трајкова почна да ја практикува.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/folkerkata-tanja-jovanovska-trajkova-otvori-psiholoshko-sovetuvalishte-e-straden-umetnik-profesija-ili-dijagnoza-foto/
Од микрофонот и песната Тања не се откажа, но веројатно и новата работа добро и тргна, па дел од психолошките совети почна и јавно да дели на социјалните мрежи.
Така во една од последните објави на Инстаграм, Тања советува што вели психологијата, што треба да сториш за да почнеш да се чувствуваш подобро, подобро да изгледаш, да имаш подобар поглед на светот…?
Според кумановскиот психолог, решението е многу едноставно: почни да се грижиш за себе и си го нашол рецептот. Од тебе почнува се’ за да имаш подобар поглед на светот!
Вака на прва, теоретски многу едноставно звучи, ама во практика, важи… „некоја друга математика“!
Како и да е, пејачката, пардон – психологот е во право: „Почни од себе, за да имаш… подобар поглед на светот“. Но, најпрвин провери дали е до психологијата или до… диоптријата?
Фото: Инстаграм принтскрин/tanjajovanovskaa