Радио Милева преквалификација?

Фолкерката Тања Јовановска – Трајкова отвори психолошко советувалиште: „(Е)страден уметник – професија или дијагноза?“ (ФОТО)

Фолкерката Тања Јовановска – Трајкова отвори психолошко советувалиште: „(Е)страден уметник – професија или дијагноза?“ (ФОТО)

Годинава е веројатно најстрашната и најлошата за целиот свет, по оние години на војните… Секаде па и во Македонија. За сите, особено за естрадата и естрадните уметници кои как што стојат работите набргу слободно ќе можат да го избришат она „Е“ од префиксот „естрадни“ на својата професија зарад. Со месеци сратени за елементарното право на заработка и можност за егзистенција за себе и своите семејства, естрадата и буквално страда! Корона пандемијата беснее, мерките се повеќе се стегаат, нема концерти, нема свадби, семејни веселби, тезги по дискотеки, клубови, кафулиња… нема ништо! Ако вака продолжи од естрадни ѕвезди ќе добиеме социјални случаи!

Оние естрадни уметници кои се подовитливи, поостроумни, со поинакви можности и идеи, браат и наоѓаат разни начини како да се снајдат. Неретко менувајќи ја професијата. Привремено, а можеби и постојано… Кој да знае, ако ова потрае, алтернативната работа лесно може да им стане и нова професија… на неодредено!

Убавата и атрактивна кумановка, фолкерката Тања Јовановска Трајкова е една од оние естрадни уметници која меѓу првите  се осмели  музиката по силата на нештата да ја стави „во мирување на неодредено време“ , па и се попсвети на професијата за која факултетски се едуцираше – психологијата. Имено, таа на социјалните мрежи јавно ја обзнани својата преквалификација, објавувајќи дека започнува работен ангажман во центарот за психолошко советување во Куманово – „Психоверзум“.

Збогување со музиката или само алтернативно решени, веројатно ќе зависи од многу нешта? Од подобрите времиња, секако, а можеби и професионален „паралел слалом“: психолог преку недела, пејачка за викенди?

„Идејата за ваква професионална активност трае скоро 6 години, или да кажам непосредно откако дипломирав, но обврските околу моите музички ангажмани, а подоцна и ќерка ми, некако ме дистанцираа од предвидената цел за психолошко советување. Конечно, во февруари оваа година, решив да започнам да работам како психолог и започнав да ја подготвувам потребната документација. Се случи како што се случи (ковид-19) и повторно запре. Кога ситуацијатани дозволи повторно да функционираме, ја завршувам претходно започнатата постапка и еве ме, ја работам работата што ја сакам колку и музиката.

Музиката никогаш нема да биде во втор план, бидејќи чувствувам дека можам да ги работам двете работи истовремено. Со музика ги расположувам и придонесувам за добро расположение на луѓето. Па, нели музиката е лек за душата, а психологијата е наука за душата, за животот, што значи, дека тие две нешта се поврзани и имаат ист ефект врз човечката психа. Ќе им пеам во локалот и ќе разговарам со нив во советодавниот центар“ – изјави неодамна фолкерката – „новопечен“ психолог за шоу-биз порталот „Свет – Австралија“.

Како и да е, Тања започнува со својата нова професија во која се надеваме дека ќе биде исто толку , па и повеќе од тоа успешна, колку и во естрадната кариера. Впрочем, сега и естрадата ќе има каде да побара психолошки совет без да се срами, иако секаде во светот тоа е толку нормална работа, освен кај нас… Но, работите сепак се менуваат, а и со колешката е сепак полесно да го споделиш проблемот или маката и добиеш стручен совет.

Единствено останува „да виси“ прашањето или поточно дилемата: „Дали кај нас (е)страден уметник е професија или се’ повеќе дијагноза?“ 

Зашто како што тргнало, се’ повеќе ќе ни требаат психолози… и ним и нам. На сите нас!  Ако е за утеха, барем ја имаме една од најзгодните и најсекси, за да и се обратиме… И за помош и за песна! Тања Јовановска Трајкова е секогаш тука! Или во „Психоверзум“ или во првиот најблизок локал, кога условите ќе дозволат можност за песна! Зависи кому што му треба!

 

 

To top