За да ја освежи својата музичка кариера, пејачката Сања Цинцева – Барбика неодамна направи нова фотосесија која ги разбранува социјалните мрежи и видно возбуди нејзините следбеници на истите, по што на струмичката фолкерка веднаш и се зголемија музички ангажмани. И кога се во прашање настапите и оние медиумските, во кои спаѓаат и гостувањата во различни емисии на разни телевизии.
Емисијата „Везилка“ на ТВ Алфа е една од оние која на најубав и најсоодветен начин го тертира македонскиот фолклор и нашата традиција, па да се биде гостин таму е вистински престиж. Таму, покрај сите други колеги и колешки – фолк ѕвезди, еден од водителите на истата е и стариот шмекер и нејзин колега, пејачот Благоја Грујовски.
Познат како проверен женски шармер, Благоја уште од младоста го ставаа(т) во разно-разни комбинации со колешките, иако пејачот никогаш немал ниту една јавна афера.
Овој пат, додека се чекало да почне или продолжи снимањето, расната Барби седнала да си го провери мобилниот, дали некој во меѓувреме ја барал или и пратил некаква порака.
Во црно мини фустанче со длабоко деколте кое го оддава сиот раскош на бујната предница, чепкајќи по мобилниот русокосата убавица прекрстила нозе, без да забележи дека фустанчето се собрало и поткренало, па доволно се покажало она што е под него.
Додека црните гаќички на пејачката срамежливо ѕиркаат под рефлекторите во студиото, пејачот – водител седнат покрај неа, (наводно) ѕирка во нејзиниот мобилен?!
Моментот на вистината го овековечиле папарцо фотограф(и)ите, а расната Барби секси позата ја споделила на еден од своите профили на социјалните мрежи… И тоа со „посвета“ до колегата. Или поточно со „јавна опомена“, дека љубопиниот Благоја на Барби и ги чита пораките?!
Останува дилемата дали ќе беше загледан баш во мобилниот на колешката, ако наместо покрај неа, Благоја да речеме седеше откаршија?
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sanjacincevaa