Фолк пејачката Анета Наковска го ужива последниот топол летен бран на море.
Ред ребота со микрофонот во рака, ред сончање за совршен летен баланс од крајот на летото.
За разлика од порано Наковска не е така активна по социјалните мрежи, но овој пат изненади со серија фотографии каде позира во бикини распослана на морскиот брег.
Бујните гради беа во прв план, но една промена која на себе ја направила и дава сосема поинаков визуелен приказ.
Многумина сакаат да имаат очи со сина боја, па и Анета која по природа е темноока.
Леќите за очи се лесно достапна варијанта за промена до посакуваната боја, а пејачката избра впечатлива небесно сина која со поглед те замрзнува.
Леден поглед и чоколаден тен, комбинација која остава силен впечаток кој очигледно на пејачката и се допаѓа.
Инаку, неодамна се шпекулираше дека се разведува од бизнисменот Спиро Крлевски, што таа остро демантираше преку социјалните мрежи.
фото: Фејсбук/Анета Наковска