Цеца Ражнатовиќ и Аца Лукас одеднаш престанаа да се дружат и да се посетуваат, иако во изминатите години тие редовно го правеа тоа. За поткрепа на ова, е фактот дека Аца и Цеца се избришале од социјалните мрежи, поточно Инстаграм, очигледно не толку одамна, бидејќи пејачот последен пат лајкувал една објава на драгата колешка на 20-ти јануари, а таа негова, точно еден месец подоцна.
Лукас, на Инстаграм следи околу дваесет колеги, но Цеца повеќе не е меѓу нив, како што е и случајот со неа.
На многу пријатели ова им е многу чудно, особено бидејќи Ражнатовиќ и Лукас секогаш имале најубави зборови еден за друг. Цеца во неколку наврати изјави дека Аца е еден од нејзините најдобри пријатели и дека ништо не може да го компромитира нејзиното пријателство.
Кога го замолиле српските новинари да ја искоментира оваа приказна, тој одговорил, со прашање:
„Дали Вие се дружите само со оние што ги следите на Инстаграм“?
Од друга страна, Цеца не одговорила на пораката на новинарот.