Радио Милева ме чуваа како бебе

Финалистката на „Ѕвездите на Гранд“ една недела живеела кај нејзината менторка Ана Бекута: „Спиев меѓу Ана и Мрка“

Финалистката на „Ѕвездите на Гранд“ една недела живеела кај нејзината менторка Ана Бекута: „Спиев меѓу Ана и Мрка“

Финалстката на „Ѕвездите на Гранд“, Ивана Богиќевиќ пред финалето живеела кај својата менторка Ана Бекута, а сега откри детали за заедничкиот живот на Ана и Мрка.

Ивана живеела кај Бекута, а пејачката ја ставила на посебен режим на исхрана и тренинг, а дури и дозволила да спие на нејзиниот кревет.

фото: принтскрин/јутуб

„Вистина е дека спиев меѓу Ана и Мрка. Ми пејаа песнички, ме чуваа како бебе“, откри Ивана во „Гранд магазин“.

Таа откри дека Мрка за разлика од Ана повеќе и попуштал, додека нејзината менторка била строга за некои работи.

„Чичко Мрка се ми дозволува. Тој ми дозволуваше да пушам цигари, а Ана строго ми забрануваше. Знаете како, мајката повеќе ги сака синовите, а таткото ќерките, па така и јас бев кај нив. Тој ме гледаше како своја ќерка и се ми дозволуваше, а кај Ана беше: „Немој да го правиш она, немој да го правиш ова“, раскажува Ивана.

фото: принтскрин/јутуб

Потсетуваме, Богиќевиќ во музичкото шоу учествуваше и пред две години, а оваа година стигна до самото финале, но испадна во првиот круг.

To top