„Фин проект“, Кали, Васко Атанасоски и Тена Рак (Власта Попиќ) ги здружија силите за темата насловена „Дај некој благослов“, воедно и најавен сингл од новиот албум на „Фин проект“ – „RE: vision“. Автор на музиката, аранжманот и продукцијата се на Никола Стојковски од „Фин проект“, а стиховите се дело на Васко Атанасоски.
Песната е визуализирана користејќи сцени од филмот „Малиот бог на љубовта“, напишан, режиран и монтиран од црногорскиот режисер Жељко Сошиќ, во кој една од главните улоги ја игра познатиот македонски актер Никола Ристановски.
„Музичко, лиричко и атмосферско разладување од висока категорија. Студено-мелодична драм-ен-бејс градска фонтана, со одлично искомбинирани машки и женски вокали, кои шепотат за некаква колективна урбана празнотија и осаменост… или можеби е приватна приказна.
Како изгледа и звучи оваа одлична соработка, дознајте во продолжение.