Во својата последна и најнова песна таа пее, „Утрото ќе промени се’“, но во случајов за еден од најдобрите женски вокали во земјава, струмичанката Александра Јенева, „вечерта промени се’“.
Имено, Александра викендов беше запросена од своето момче Иван на нивното заедничко романтично патување во Париз, па градот на светлината, им осветли нов животен пат – брачен.
Возбуда, еуфорија и неописливо чувство на среќа за кое таа се пофали на својот Инстаграм.
Во прилог беа фотографиите од големиот чин пред Ајфеловата кула, а во описот Јанева се потруди тоа да не биде само регуларното „кажав да“, туку многу повеќе од тоа.
Длабоко емотивно и инспиративно, младата идна невеста уште еднаш се покажа дека е вешта и во пишувањето, особено кога темата е љубов.
-Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан. Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од 5 минути, кога не сакаш да се одлепиш од мене исто колку јас од тебе. Се појави на право место, во право време. Јас и ти во нашето време за љубење- напиша Александра понесена и преплавена од емоции.
Честитки со добра мисла за вечна љубов се нижат една под друга, а тие насмеани и распеани го прават ова магично патување со спомени кои ќе им бидат врежани во срцата засекогаш.
За потстување, Александра Јенева кон средината на месец јули 2021 година за првпат реши да открие дека е во врска со сега веќе својот свршеник Иван Ангелов.
Од нив двајцата постојано осамнуваа нови фотограии, особено од авантуристички патувања за кои и двајцата се на иста фреквенција.
Инаку, свршеникот на пејачката исто така не е анонимус. Имено, се работи за македонски ракометар кој игра на позицијата лев бек, кој е и поранешен младински репрезентативец.
Штипјанецот беше дел од Вардар Јуниор, пред да замине во грчкиот Аеропос Едеса, каде што одигра една сезона, по што се врати во Македонија за да настапува за екипата на „РК Драчево“ која е дел од македонската машка ракометна Прва лига.
фото:Инстаграм принтскрин/Александра Јанева