Откако се породи, Александра Пријовиќ или Живојиновиќ, како скате, ретко излегува некаде сама без својот сопруг Филип. Но овој пат улогите беа заменети, па Филип сам заминал малку да се опушти во ноќен провод. До душа во машко друштво, на настап на неговиот брат Стефан Живојиновиќ.
Ама кога си тазе женет, а имаш и млада жена, оди опушти се да те видам сам без неа? Додека седеше во сепарето со својот пријател, режисерот Петар Пашиќ, мобилниот на Филип се усвити од ѕвонење, поточно, од пристигнати СМС пораки.
Добар дел од вечерта ја мина допишувајќи се со соругата, зашто очигледно на Александра не и било баш право што мора да остане дома и да го чува нивниот син Александар.
Кога после неколку часа преписка конечно мобилниот му „замолче“, зашто или Александра заспала или успеал да ја убеди дека седи „мирен“ и се’ е под контрола, Филип конечно можеше слободно да „дише“ и да падне во „севдах“ на песните кои ги пееше неговиот брат Стефан!
Рака на срце, да не е метнат мераклија на убави жени на татко му Боба, ниту Пријовиќ не би ја запознал, па и оженил! Затоа сопругата и нема баш право да му се лути!
Фото: Марија Дејановиќ