Промотер

Филип Пешевски со „Баги биг бенд“ и ДЈ Сењорита – „Ти ми стоиш најдобро“ (ВИДЕО)

Филип Пешевски  со „Баги биг бенд“ и ДЈ Сењорита – „Ти ми стоиш најдобро“ (ВИДЕО)

По минатогодишниот летен хит „Без оглед на сè“, кој го потпиша братско – сестринскиот авторски тандем Лазар и Магдалена Цветковски, младиот и талентиран пејач Филип Пешевски ја објави заедно со видеоспот неговата најнова песна, наслов „Ти ми стоиш најдобро“. 

Станува збор за тема  на која  како автор на музиката се потпишува самиот пејач, додека за стиховите овој пат бил задолжен  Елвир Мекиќ, а аранжманот го потпишува Никола Автовски.

Оваа песна на Филип  се разликува од она што го работат другите на  домашната естрада по тоа што во нејзината реализација е вклучен цел биг бенд. Се работи за новат формација на танцов оркестар насловена „Баги Биг Бенд“ составен од мноштво искусни но и млади акадамски образовани македонски музичари, под диригентската палка на стариот волк, маестро Љупчо Мирковски.

Во реализацијата на песната покрај Филип и „Баги Биг Бенд“ учествува и младата ДЈ-ка, со уметничко име ДЈ Сењорита. Материјалот бил сниман и миксан од страна на Љупчо Соколовски во студиото „Сити саунд“, а за мастерингот на песната се погрижил Лазар Цветковски.

Видеото за песната е снимано во новото елитно скопско казино, а зад реализацијата стои продукцијата „Black Magic Studios“, додека како режисер се потпишува Никола Автовски.

„Среќен сум што конечно е готов целиот овој производ. Верувале или не, на сето ова работев цела една година, бидејќи сакав да звучи и да изгледа се совршено. Воопшто не е мала работа да се изреализира сето ова, но со помош на моите пријатели успеав. Се надевам дека публиката ќе ужива во новата песна“ – вели младиот пејач, кој во иднина ветува уште многу нови песни и видеоспотови.

Послушајте ја песната и проследете го видеото за Ти ми стоиш најдобро“, во продолжение:

To top