Филип Јордановски сними видеоспот за победничката песна според жирито, насловена „Без тебе“, која пејачот ја изведе на поп – вечерта на последниот „Охрид фест 2018“.
Видеото го изработил Александар Ристовски – Принц, а истото е снимено на неколку локации во Скопје и Куманово.
Покрај Филип како главен лик во приказната, се појавува и неговиот придружен бенд, додека сексапилната русокоса која ја има улогата на единствената дама во видеото е атрактивната кумановка, моделот Тања Коцевска.
Авторите на песната се Владимир Дојчиновски – Дојчин, кој ги потпишува музиката и аранжманот и Ристо Самарџиев, чии се стиховите на оваа фестивалска балада.
Како сето тоа спакувано звучи и изгледа, проследете во видеото кое, како што вели и самиот изведувач вели: „Се надевам дека ќе Ви се допадне и ќе уживате во оваа прекрасна балада, размислувајќи на оние кои Ви го топлат срцето во овие студени декемврски денови“!