„Грациозно и полека, но со голема сигурност, Филип Букршлиев, се профилира во еден од најквалитетните гитаристи на македонската сцена. Публиката го запозна преку инди/метал/кросовер/џез авантурите на неговиот состав Fighting Windmills, но развојот кој следеше, пријатно ги изненади сите, освен можеби него самиот. Загадочен и со малку особен стил, Букршлиев, во полутајност разви мошне интересна композиторска аура. Неговата џез гитара е наслушана, комплексна и решена да оди на места каде што нашите уши секако би сакале да бидат.
Последниве години, тој е дел од неколку извонредно талентирани џез состави и редовно издава албуми. Има и соло гитарско издание минатата година. Триото е прва негова композиторска инкарнација во оваа форма, со силно талентираната Андреа Мирческа на контрабас и тапанарот Славчо Коцев. Прекрасна млада екипа која звучи беспрекорно. Музика која содржи сериозна субстанца, но во исто време е отворена и комуникативна за љубопитната џез и не само џез публика. Би рекол прекрасна можност да се изнаслушате квалитетна музика во живо.

Концертот ќе се одржи по сите стандарди кои ги почитуваме долж пандемијата од Ковид 19. Маски, дистанца, хигиена. Влез за публика во 19:30, концертот прецизно во 20:00
Лимитиран број на влезници (70), обезбедена дистанца. Билетите ги има и на билетарата на МКЦ, но ве охрабруваме да ги обезбедите он лајн и на време„ – порачува организторот.