Радио Милева

Филип Божиновски ја прокоментира одлуката на „Гранд“ за дуелот меѓу двајцата Македонци во музичкото шоу

Филип Божиновски ја прокоментира одлуката на „Гранд“ за дуелот меѓу двајцата Македонци во музичкото шоу

Од емисија во емисија конкуренцијата во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ станува се поголема бидејќи се бираат најдобрите кандидати и остануваат оние кои имаат талент.

Оваа година на сцената на познатата продукција имаме прилика да ги гледаме Огнен Здравкоски, Елена Миленковска, Филип Пецовски, Адам Лабунски, Стефан Величковски…..

Секој од кандидатите има свој ментор кој заедно со својот тим работат и им даваат совети на кандидатите.

Меѓутоа, во третиот круг кандидитете ќе се натпреверуваат во дуели, а само еден од нив ќе помине во следниот круг.

Така, деновиве во продукцијата се влечеше ждрепка и се бираа кои кандидати ќе бидат во дуел.

фото: принтскрин/инстаграм

Како што пренесуваа одредени медиуми откако Вики Миљковиќ и Јелена Карлеуша се нашле во дуел да ги бираат нивните кандидати, Јелена го одбрала Македонецот Филип Пецовски, а Вики го одбрала Стефан Величковски.

Тоа би значело дека еден од Македониците ќе испадне и нема да го продолжи натпреварувањето.

фото: Принтскрин/инстаграм

Оваа одлука на „Гранд“, ја прокоментира и Филип Божиновски кој некогаш учевствуваше во музичкото шоу и стигна до самото финале.

„Тоа е малку без врска дека ние од Македонија имаме помалку кандидати за разлика од Србија и Боска, лошо е пошто еден мора да испадне… Ама тоа си е нивна политика и можат како сакаат да си прават. Јелена го кажала едниот, а Вики за противник го избрала Стефан пошто сигурно сметала дека најдобро ќе одговори на дуелот и тоа е тоа. Како и да е, нема љутиш. Секој си гледа да се претстави најдобро и тоа е тоа, секој сво своја среќа, вели Филип Божиновски.

https://www.youtube.com/watch?v=Mtlvvqwx4tg

За потсетување, Филип Божиновски пред неколку години се најде во дуел со Македонецот Ален Хасановиќ по кој Филип го напушти натпреварувањето, но по баражот се врати во музичкото шоу и стигна до финалето.

Како ќе се снајдат Стефан и Филип останува доправа да видиме, но и да им посакаме и среќа.

To top