Турските актери Салих Бадемчи и Имер Узгун, познати како Фикрет и секретарката Есра од серијата „Истанбулската невеста“ станаа родители за првпат.
Во серијата тој е во брак со Ипек, но во реалноста негова вистинска сопруга е асистентката Есра од серијата, односно актерката Имер Узгун.
Двојката во реалноста е во врска од 2014 година, а се венчаа во 2015.
Салих и Имер, во моментов кај нас се актуелни со серијата „Истанбулската невеста“ каде тој е оженет, но заљубен во својата асистентка Есра, односно сопругата во реалноста.
Во серијата можеби универзумот не им беше наклонет, но во вистинскиот живот тие имаат среќен и хармоничен брак.
Актерите гордо се пофалија со својата наследничка и објавија фотографии со бебето на своите Инсатграм профили.