Скопскиот бенд „Fiction“ направи видеоспот за нивниот трет сингл по ред за песната „Техно“, која следува после нивните песни „После Дождот”“ (2017) и „Некој друг“ (2018).
Во рок бендот членуваат: Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара), Филип Андонов (гитара) и Теодор Теодосиевски (тапани).
Музиката, текстот и аранжманот се авторско дело на членовите на бендот, додека пак аудио продукцијата е на Ангел Ќосев – студио „Подрумот“.
„Техно“ го визуелизираа камерманот Горан Талески и монтажерот Деан Стефков, а покрај музичарите се појавува и „женскиот“ модел Гоце Андонов.
Членовите на бендот го најавија и својот прв настап на дојранскиот „Д фестивал“, каде што ќе свират на сцената „Москито“, а присутните ќе имаат можност први да го слушнат новиот материјал што ќе се најде на нивниот деби-албум на кој интензивно работат изминатиов период.