Скопското трио „Фикшн“ (Fiction), кое воглавно беше познато по преработките, односно акустичните кавер верзии на познатите светски хитови, конечно ја има својата прва авторска песна. Темата носи наслов „После Дождот” и е авторско дело на членовите на групата: Музика: Виктор Захариев/ Петар Ѓуревски, текст: Виктор Захариев/ Петар Ѓуревски/ Филип Андонов, аранжман: Виктор Захариев/ Петар Ѓуревски. Продукција е на Виктор Георгиевски, додека миксот и мастерингот ги направил Љупчо Павловски.
„Драги пријатели, ни претставува огромно задоволство да ви ја претставиме нашата прва авторска песна ’После Дождот’. Ова е песна која ја напишавме со многу љубов и желба, песна во која секој од нас се пронајде себеси и песна која уште толку не зближи како бенд. Бескрајна благодарност до сите оние кои ни помогнаа кои се премногу за да ги наброиме. Искрено се надеваме дека ќе ви се допадне“ – пишуваат членовите на триото во својот Фејсбук статус со кој го најавуваат својот прв официјален сингл.
За оние што не знаат, триото „Fiction“ го сочинуваат: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и придружни вокали и Филип Андонов – гитара. Инаку, сите инструменти во песната се отсвирени од самите членови Fiction.
Како звучи „После дождот“ слушнете и самите во продолжение: