Ќерката на легендата на Црвена Ѕвезда Драган Џајиќ, Драгана, своевремено изјавуваше во медиумите дека е многу тешко некој да ја заведе, но според сè, според братот на тенисерката Ана, младиот Ивановиќ, лесно дошол до неа.
Драгана и Милош веќе неколку месеци да уживаат во љубовта, а сега за првпат беа фотографирани, на плажа во Милочер, како пред сите разменуваат нежности.
Драгана одлучила да го повика Милош кај неа на црногорското крајбрежје, каде што има куќа. Милош првично имал идеја да земе апартман во некој луксузен хотел, но Драгана инсистирала на тоа дека не треба, бидејќи таму веќе има семејна куќа.
Нивната врска очигледно станува сè посериозна, со оглед на тоа дека ова е првпат тие да бидат фатени во јавноста како разменуваат нежности. Додека биле на плажа цело време биле заедно и не се одделувале еден од друг ниту за миг. Додека Драгана се сончала, Милош и го мачкал грбот, ја бакнувал по вратот и градите, а од неа не се раздвоил дури и кога таа влегувала во вода.
Веднаш штом убава Драгана ќе тргнела да се капе, Милош ја следел и влегувал со неа в море – пренесува српскиот портал Блиц.
Фото: Зоран Илиќ