Популарниот топ модел, Кира Мејер, е уапсена во центарот на Москва за возење без дозвола. Претходно, на 24-годишната старлета и ја одзеле возачката дозвола за возење во пијана состојба. Но, таа сепак седнала зад воланот.
За да избегне да и пишуваат нова казна, непослушната убавица на полицајците им се понудила себе си за секс, со сугестија дека неа, никој не може да ја одбие.
Сепак, полицијата го одбила дарежливиот предлог и го составила записникот. Мајер е однесена во затвор, а нејзиниот автомобил на полицискиот паркинг.
Зад решетките 24-годишната Русинка одново приредила вистинска драма. Таа со ѓерданот од нејзиниот врат се обидела да си ги исече вените. Откако ја спречиле во намерата, била однесена во една психијатриска клиника.
Инаку, Кира е вистинска ѕвезда на Инстаграм. Има 144.000 следбеници на оваа социјална мрежа. На нејзината страница, таа постојано поставува провокативни фотографии и видеа со еротска и порнографска содржина.